Search

Џенифер Лопез се вери?

Дали Алекс Родригез конечно клекна пред пејачката? Деталот на последната објава на Инстаграм на Џенифер Лопез, не остана незабележан од нејзиниот огромен број следачи.

Пејачката објави фотографија на која ужива на плажа во едноделен костим за капење, со своето момче, но романтичната сцена беше крунисана со прстенот на левата рака.

„Дали тоа е веренички прстен?“, „Се веривте?!“, се само дел од многубројните коментари на возбудените следбеници кои засега се убедени дека Лопез и Алекс се верени. А во прилог на гласините оди и нејзината најнова песна со наслов „El Anillo“, што во превод значи „Прстен“, кој што многу нејзини следбеници го спомнаа во коментар.

Но, додека ниеден од нив не ја потврди веридбата, сè се сведува само на гласини. А деталот поради кој ние се сомневаме во веродостојноста на гласините е недостатокот на дијамант на нејзиниот наводно веренички прстен. Но, кој би знаел, можеби Џеј Ло овој пат сакала нешто поедноставно, што нема да ја потсетува на нејзините два претходни веренички прстени, кои ги доби од Бен Афлек и Марк Антони, бидејќи двата прстена имаа голем дијамант.

Треба да знаете
Последни објави