Search

Топлотен бран ја очекува Европа, на Балканот поројни дождови и поплави

Бранот жежок воздух што доаѓа од Африка ќе ја зафати Велика Британија, а потоа и остатокот од Европа, а  јужна Франција и северна Италија ќе доживеат најжешко лето во Европа, со топлотен бран поопасен од ланскиот.

Жешкото време ќе донесе пад на воздушниот притисок и ќе предизвика опасни суши ширум Европа.

Балканските земји во следните месеци ќе бидат погодени подеднакво од интензивни суши и поројни дождови проследени со поплави, како резултат на некарактеристично жешкиот воздух и влага од Медитеранот.

Топлотен бран по дефиниција се смета кога максималната дневна температура го надминува просечниот максимум за најмалку 5 степени Целзиусови во текот на пет или повеќе последователни денови, според Светската метеоролошка организација.

Треба да знаете
Последни објави