Search

Фототрафија направена во Абу Даби покажува што беше Југославија во светот

Секој барем еднаш, некаде на некој предмет или производ, има забележано многу чест натпис од пред неколку децении, „Made in Yugoslavia“.

 

Иако овој натпис, се уште може да се сретне во просториите на поранешните републики на некогашната заедничка држава, малку кој би очекувал дека остатоци од тие времиња се уште постојат и тоа во далечните Обединети Арапски Емирати.

Една фотографија, која во последните неколку дена кружи на социјалните мрежи, го прикажува токму тоа.

На неа е прикажан капак од шахта, забележан на улиците во Абу Даби, на кој како произведувач е нагласено името на Југославија.

Корисниците на социјалните мрежи, кои го коментираа натписот, оваа фотографија ги потсети на квалитетот на производите од југословенската индустрија.

Добар доказ за тоа е фактот дека капакот на шахтата, речиси 30 години по распаѓањето на државата во која е произведен, ја врши својата функција во град со огромни сообраќајни гужви, оддалечен речиси 5.000 километри од овие простори.

Треба да знаете
Последни објави