Search

Вработените во „Еурокомпозит“ го прекинаа протестот се договорија со Владата

Вработените во „Еурокомпозит“ го прекинаа протестот се договорија со Владата

Вработените во фабриката за воена опрема „Еурокомпозит“ од Прилеп го прекинаа протестот пред Владата и почнаа со отстранување на шаторите што вчера ги поставија.

Тие информираа дека постигнале договор со Владата до петок да им бидат исплатени по 30.000 денари, а во меѓувреме да продолжат со работните активности. Велат дека вицепремиерот Кочо Анѓушев им ветил дека за неколку месеци ќе се реализира и процедурата за технолошки вишок на 130 вработени. Околу 260 вработени во фабриката немаат земено 18 плати и не им се исплатени придонеси од 2012 година.

Треба да знаете
Последни објави