Search

Харадинај: Косово има подобар однос со Кина отколку со Босна и Херцеговина

Косово има подобри односи со Кина отколку со соседната Босна, изјави косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

„Нашите граѓани патуваат во Кина и кинеските власти ги признаваат нашите пасоши. Тие имаат дури и своја канцеларија за врски во Приштина. Ако се држиме до овој пристап, Косово има далеку подобар однос со Кина отколку со Босна и Херцеговина“, рече премиерот на Косово.

Според него, Србија треба да ја признае реалноста дека Косово е независна и европска држава, ориентирана кон ЕУ и НАТО.

Треба да знаете
Последни објави