Search

Мотоциклист излета од автопатот Скопје – Тетово

Мотоциклист од Тетово е тешко повреден во несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите од полицијата, тој изгубил контрола над мотоциклот и излетал од патот.

Несреќата се случила околу 20 часот на местото викано Студена Вода кога С.А.(33) од Тетово со мотоцикл „сузуки“ изгубил контрола над истиот и излетал од патот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, но поради сериозноста на повредите бил префрлен на клиника во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави