Search

Борисов : Со Договорот со Македонија отворивме тема за интеграции на Западен Балкан

Најголемиот успех за бугарското претседателство со ЕУ е европската перспектива за земјите од Западен Балкан. Не може да има мир и просперитет на континентот додека целата Европа не е обединета. Ова го истакна бугарскиот премиер, Бојко Борисов, за време на неговиот извештај за бугарското претседателство во Европскиот парламент во Стразбур.

„Самитот на 17 мај им помогна на Атина и на Скопје да го решат спорот за името, што е историски момент со кој се гордееме. Со Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија ја отворивме темата за Западен Балкан и дадовме личен пример. Ние сме прагматични, напорно работевме за поврзување на регионот“, изјави Борисов пред Европскиот парламент.

За време на своето обраќање, бугарскиот премиер ја истакна средбата ЕУ-Турција во Варна, која била клучна за намалување на миграцискиот притисок, а истовремено се осврна и на успесите на бугарската економија со што, како што рече, Бугарија докажала дека е лојален и трпелив партнер на патот кон членство во еврозоната.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ѝ заблагодари на Бугарија за претседавањето со Унијата.

„Мотото на вашето претседателствување беше ‘Единството прави моќ’. Ова го сумира начинот на пристапување кон претседателството. Ми беше задоволство да работам со бугарското претседателство. Изградивте мостови, сплотувавте луѓе, а постигнавте успех и во разни индустрии“, истакна Јункер.

По Бугарија, Австрија го презде преседавањето со ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави