Search

5 секојдневни навики кои придонесуваат за брзо стареење

Недостатокот на движење и вежбaње придонесува за побрзо стареење. Меѓутоа, постојат и многу други секојдневни активности кои се виновник за брзо стареење.

 

Овие пет навики го забрзуваат процесот на стареење, па секако би требало да се обидете да ги избегнувате:

1. Живот „во грч“

Ако сте лути, нервозни и незадоволни постојано, тоа секако ќе влијае на вашиот изглед. Истражување од 2011 година го поврзува лачењето на кортизол, хормон на стрес, со стареење. Кога хормоните се надвор од рамнотежа под влијание на хроничен стрес, тоа може да го забрза стареењето на клетките, а потенцијално да го зголеми и ризикот од Алцхајмерова болест.

2. Избегнување на дружење

Физичката активност може да ви помогне и во подоцни години да останете во форма. Експерти, меѓутоа, тврдат дека интелектуалната активност е таа која често се запоставува. Луѓето кои се изолираат од надворешниот свет, имаат поголеми шанси да се соочат со проблеми со когнитивните функции. Дружењето со луѓе е еден вид на вежбање на мозокот, што помага при негова стимулација.

3. Исфрлување на мастите

Нашата исхрана бара одредена количина на масти. За здраво срце важни се омега три масните киселини. Омега три масните киселини, исто така, придонесуваат за здрава кожа. И она најважното, го поттикнуваат здравјето на срцето и мозокот.

4. Легнување доцна навечер

За време на одморот во текот на ноќта, организмот ги отстранува мртвите клетки на мозокот и крвта и ги чисти патиштата за нови клетки, кои можат да ги заменат веќе потрошените. И дерматолозите препорачуваат адекватен сон, за да се избегнат штетните ефекти од неспиењето, како што е дехидрираната кожа.

Резултати од неодамнешно истражување покажаа дека недоволното спиење може да го зголеми ризикот од метаболички синдром и прерана смрт.

5. Пушење

Пушењето може да предизвика очигледни знаци на стареење, оштетувајќи неколку делови на телото: Бели дробови, кожа и заби. Дури и ако не сте пушач, изложеноста на димот од цигарите може да влијае на стареењето.

Пушењето го зголемува нивото на слободни радикали во кожата, кои ги уништуваат молекулите околу себе.

Треба да знаете
Последни објави