Search

Тунтев: Договорот го гарантира македонскиот јазик и националност

Тунтев: Договорот го гарантира македонскиот јазик и националност

Договорот со Грција ги гарантира идентитетот, безбедноста и стабилноста, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, на прес-конференција во Собранието.

„Договорот за кој треба да се изјасниме е висок патриотски чин. Овој договор го гарантира идентитетот. Премногу долго бевме во изолација без просперитет и иднина за нашите деца. Ова се нови просперитетни времиња. Нашата придобивка од договоорт е бесценета бидејќи тој ги гарантира безбедноста и стабилноста. Потпишувањето е првиот чекор. Потоа следува ратификацијата, која ќе обезбеди покана за членство во НАТО и датум за почеток на преговорите со ЕУ. Обезбедуваме можност за граѓаните на референдум да одлучат за иднината на државата, тоа го заслужува овој народ“, рече Тунтев.

Во врска со бојкотот во Собранието што го најави ВМРО-ДПМНЕ за договорот, Тунтев рече дека опозициската партија првин треба да расчисти со криминалот во своите редови и да учествува во процесот за македонска европска иднина. Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да сврти нова страница.

„Опозицијата ја злоупотреби говорницата за да пласира невистини и манипулации. Се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати по консултациите“, рече Тунтев и додаде дека ратификација на договори со европско знаменце имало и претходно со други држави, меѓу кои ги наведе Босна и Херцеговина и Германија.

Тунтев го коментира и отпорот од страна на претседателот Ѓорге Иванов истакнувајќи дека се надева оти Иванов ќе го почитува Уставот.

Во однос на пратеникот Ферид Мухиќ од нивните редови, кој денеска гласал против скратената постапка, а потоа за дневниот ред гласал „за“, Тунтев верува дека се работи за грешка.

Треба да знаете
Последни објави