Search

Полицијата со полни раце работа:Скопски возачи прават прекршоци,пајак служба- во акција

Двеста и седум возачи непрописно ги паркирале своите возила поради што се казнети во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. 

 

Од СВР Скопје денеска информираат дека со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 58 возила.

Според полицискиот билтен, се случиле 11 сообраќајки од кои во пет полесно се повредени 11 лица. Во шест собраќајни незгоди причинета е материјална штета.

Со поголема брзина од дозволената се движеле 58 возачи, а шестмина возеле под дејство на алкохол. Тринаесет возачи управувале со автомобил пред да се стекнат со возачка дозвола, а исклучени од сообраќај биле и двајца возачи почетници.

Со истечена сообраќајна дозвола возеле 15 возачи, а двајца се исклучени од сообраќај поради технички неисправни возила.

Треба да знаете
Последни објави