Search

Се самоуби дизајнерката Кејт Спејд, оставила порака до сопругот и ќерката

Американската модна дизајнерка Кејт Спејд изврши самоубиство со бесење, објавија светските медиуми.

 

Не е познато дали Спејд боледувала од депресија или имала други душевни проблеми, но истрагата може да открие други помалку познати детали од нејзиниот живот.

Нејзината куќна помошничка ја нашла 55-годишната дизајнерка обесена во нејзиниот стан на Петта авенија на Менхетн.

Спејд оставила проштално писмо до сопругот и 13-годишната ќерка. Спејд наводно сакала да ги објасни причините за својата одлука. Сопугот наводно бил дома кога се случила трагедијата.

„Многу ја сакавме Кејт и ужасно ќе ни недостига“, стои во соопштението на семејството во кое исто така се замолува јавноста да ја почитува нивната приватност во оваа деликатна ситуација.

Кејт Спејд е родена на 24 декември, 1962 година во САД, а се прослави како дизајнерка на чанти, накит и гардероба за жени.

Во 1994 година се омажи за Енди Спејд. Од бизнисот се повлекоа во 2006 година, откако ја продадоа компанијата. Дизајнерката оттогаш се посвети на семејството и филантропската работа.

Треба да знаете
Последни објави