Search

Со автомобил излетал од пат и удрил во топола

Со автомобил излетал од пат и удрил во топола

На 06.06.2018 година во 00.20 часот на ул. „Леце Котески“ во Прилеп, патничко возило „Алфа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.М. (24) с.Мало Коњари, изгубило контрола и излетало од патот со автомобил удриле во топола.

Притоа, со повреди се здобил  возачот, кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Кај сопатникот Б.Н. (24) биле констатирани телесни повреди.

Според она што го дознаваме од очевидци, со повреди се здовиле две млади лица, откако со автомобил удриле во топола, додека причината за сударот е сеуште непозната.

Треба да знаете
Последни објави