Search

СДСМ: Мицкоски треба да им се извини на граѓаните за тоа што ги лажеше

Мицкоски треба да им се извини на граѓаните за тоа што ги лажеше

Христијан Мицкоски, во телефонска изјава за еден национален медиум, самиот призна дека земал пари додека бил советник на Никола Груевски. Ова негово лично признание, потврдува дека Христијан Мицкоски ги излажа граѓаните.

„Ова негово лично признание, потврдува дека Христијан Мицкоски ги излажа граѓаните. Јавно објавените документи покажуваат дека Мицкоски, додека му бил советник на Груевски, земал пари од Буџетот и тоа ги чинело граѓаните околу 2 милиони денари. Додека граѓаните осиромашувале, додека се уништувала економијата и се трупале огромни долгови, граѓаните плаќале 2 милиони денари за Христијан Мицкоски“ порача Костадин Костадинов од СДСМ.

Тој нагласи дека Мицкоски без никаков срам кон оние од чии пари бил плаќан, кон граѓаните, на ТВ дуелот лажно тврдел дека работел про боно односно без надомест. Вчера, како што рече Костадинов, Мицкоски призна дека земал пари додека му бил советник на Груевски, пари на граѓаните.

„Го повикуваме Мицкоски да не се крие зад конфузни соопштенија од неговата партија туку да излезе пред граѓаните и да им се извини. Христијан Мицкоски е должен да им се извини на граѓаните затоа што ги излажа. Тоа е најмалку што Мицкоски може да го направи пред граѓаните, пред оние коишто го плаќале неговиот ангжаман како советник тежок 2 милиони денари“ додаде Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави