Search

Името Македонија не се решава на улица, смета поглаварот на грчката православна црква

Поглаварот на грчката православна црква Јеронимос рече дека проблемите како што е прашањето за името со соседната држава, не се решаваат со протести.

Грчкиот архиепископ изјавил дека за разлика од протестите во Атина, одржани пред четири месеци, кои беа поддржани од страна на грчката православна црква, неговиот сегашен став е дека толку важни прашања не се решaваат на улиците.

Наведувајќи дека положбата на грчката православна црква е стабилна, Јеронимос рекол дека не е лесно да се даде име на една земја или, како што рекол, истото да и се позајми.

„Моите ставови се дека овие прашања не треба да бидат тема на протести, затоа што се работи за одговорност преземена од страна на парламентот, а во него седат пратеници избрани од страна на народот“, изјавил Јеронимос за новинарите, при посетата на еколошки центар за предучилишно образование.

Инаку, во повеќе од 20 грчки градови за вечерва се најавени протести против досегашните предлози за име на Република Македонија. Протестите се закажани за 19.30 часот по локално време, а поради истите, македонското министерство за надворешни работи ги предупреди граѓаните да избегнуваат патувања во Грција за да се избегне ескалација на ситуацијата.

Треба да знаете
Последни објави