Search

Јаја Туре го обвинува Гвардиола за расизам?

По крајот на оваа сезона Јаја Туре се раздели со Манчестер Сити каде што пристигна пред осум години од редовите на Барселона за 24 милиони фунти.

Откако Пеп Гвардиола беше назначен за тренер на Манчестер Сити, Јаја Туре падна во втор план, па после две сезони одлучи да го напушти клубот.

„Пеп сака да доминира и сака играчите да му бидат верни и да му ги лижат прстите. Јас не сум за таков вид на однос. Го почитувам тренерот, не не правам такви работи за да играм. Другите играчи не сакаат да го кажат тоа јавно, но некои ми признаа дека го мразат затоа што манипулира со сите“, изјави Јаја Туре, а потоа очигледно падот на својата форма се обиде да го оправда „играјќи на картата расизам“.

„Ми изгледа како да е љубоморен и не ми е јасен. Секогаш чудно ме гледаше, но не ми се обраќаше иако знаеше дека зборувам и каталонски, шпански и англиски. Имав чувство дека прави се што може за да ми ја уништи кариерата. Се прашував дали е тоа поради бојата на мојата кожа, но си велев дека тоа е невозможно. Потоа сфатив дека Африканците имаат големи проблеми со него, без оглед на тоа во кој клуб работи“, изјави Јаја Туре.

Треба да знаете
Последни објави