Search

7 најчести причини поради кои се дебелееме под стрес

Да избереме вода наместо некој газиран пијалак или готвен зеленчук наместо помфрит, едноставно се случува кога сме опуштени и добро расположени. Но, ако во храната бараме опуштање поради стрес, нема да биде толку лесно да се одржат здрави навики во исхраната.

 

Секој го дефинира и доживува стресот поинаку, но општо е прифатена дефиницијата дека стресот е состојба во која се наоѓаме во ситуација која ги надминува нашите физички и ментални сили.

Резултат на тоа е зголемено ниво на кортизол и состојба во која бегаме или се бориме со забрзаните отчукувања на срцето, побрзиот доток на крв во мозокот и мускулите, потење на дланките и зголемено ниво на шеќер.

Чувството дека некоја задача не можеме да ја сработиме, често се одразува на здравјето. Високото ниво на стрес, резултира со лоши одлуки.

Ова се вообичаените грешки кои луѓето ги прават под стрес, а кои влијаат на процесот на дебелеење.

1. Останувате на работа до доцна

Ако сте под стрес поради некоја работна задача, веројатно останувате до доцна на работа или работата ја завршувате од дома. Дури и кога ќе одлучите дека за тој ден сте готови, самата помисла за незавршената работа може да предизвика несоница, па се будите секој час се додека конечно алармот не ве разбуди.

Не само што сте ненаспиени и уморни, туку поради тоа и повеќе јадете. Истражување од 2014 година заклучи дека факторите за дебелеење се поврзани со должината на сонот и поголемиот индекс на телесна маса. Секој дополнителен час на сон го намалува индексот на телесна маса за 0,35.

2. Јадете поради стрес

Фразата „храна за утеха“ постои со причина. Истражување на глувци и луѓе покажа дека, кога сме под стрес, почесто одбираме мрсна или слатка храна. Како и кај алкохолот и другите супстанци кои предизвикуваат зависност, со текот на времето ќе ни биде потребна поголема количина на таква храна, за да го постигнеме истиот смирувачки ефект, а тоа води до зависност.

3. Прескокнувате вежбање

Одењето во теретана е обврска која бара дисциплина, а кога се чувствуваме нерасположено, одбираме да останеме дома.

Истражување од 2014 година,  покажа дека луѓето кои се под хроничен стрес, се помалку активни во споредба со другата популација. Дури и рекреативното вежбање помага при ослободување од стрес.

4. Се обидувате да се смирите со алкохол

Силно мартини дефинитивно ќе не смири и ќе не оддалечи од црните мисли, но ефектот е краткотраен со возможни лоши последици. Ако пиете за да го ублажите стресот, размислите за тоа дека хроничниот стрес е ризичен фактор за да се стане зависен од алкохол и други супстанции. Со алкохолот внесуваме и дополнителни калории.

5. Јадете додека се движите или додека нешто работите

Ако јадете додека работите нешто друго, зад својата работна маса, веројатно нема ниту да се сеќавате дека сте јаделе. Фокусирањето само на храната, на вкусот и мирисот на храната, помага да забавиме, да го цениме оброкот, да уживаме во секое залче и да сме позадоволни. Консумацијата на храна кога сме потполно свесни за тоа што го јадеме, помага да јадеме побавно, да внесуваме помалку калории, да знаеме кога сме сити и кога е време да прекинеме со јадење.

6. Прескокнување на оброци

Прескокнувањето на оброци нема да го намали внесувањето на калории. Интересно истражувањe покажа дека луѓето кои редовно прескокнуваат оброци се подебели во однос на оние кои јадат три оброци на ден. Под стрес избираме помалку здрава храна. Оние кои ги прескокнуваат оброците, поретко се одлучуваат за овошје, зеленчук или други поздрави опции.

7. Главно средство за ослободување од стрес станува телевизорот

Филмови, видео и социјалните мрежи можат да понудат одредено олеснување од стрес и да бидат добар начин за релаксација, но премногу гледање во екран има негативни последици на телесното и менталното здравје. Претераното гледање на телевизија кое трае неколку часа придонесува за зголемување на ризикот од хронични болести, вклучувајќи го и дебелеењето. Одржувањето на здрава тежина може да го намали стресот, бидејќи го намалува ризикот од создавање на дијабетес и срцеви болести.

Треба да знаете
Последни објави