Search

Горивата поскапи за 2 денари, Еуросупер 98 75.5, дизелот 65 денари

Горивата поскапи за 2 денари, Еуросупер 98 75.5, дизелот 65 денари

Горивата повторно поскапуваат. Цените на бензините и на дизалот од полноќ растат за два денара. Ова е последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Еве ги новите цени: Деведесет и петката и деведесет и осмицата вечерва од полноќ, па во следниве две недели ќе се продаваат за 73,5 – односно за 75,5 денари за литар. Дизелот пак, ќе се точи за 65 денари за литар.

Еуросупер 95                          73,5  денари

Еуросупер 98                          75,5 денари

Дизел                                        65 денари

Екстра лесно масло              54 денари

Мазут                                        34,5 денари

Според проценките, континуираното зголемување на цената на горивата најмногу ќе ги почувствуваат транспортерите, особено оние кои превезуваат стока и во странство. Од најбројното транспортно здружение во земјава, Макам –транс за Алсат М велат дека зголемената акциза на нафтата веќе прави финансиски проблеми во транспортниот сектор. На крајот од ланската година побарале владина помош, поврат на средства од акцизата, но засега ништо од тоа.

„Без воспоставен систем на поврат на дел од акцизата во Закон за акциза како што има во поголем дел од државите особено од ЕУ и примена на начелото за заемност – македонските превозници се неконкурентни и мора да ги намалуваат цените на своја штета, како би опстанале на европскиот транспортен пазар”, вели Билјана Муратовска, МАКАМ-ТРАНС.

И првиот човек на Макпетрол, Андреја Јосифовски веќе предупреди дека доаѓа период на зголемување на цената на нафтата и нафтените деривати. Како анти-кризни мерки тој посочи дека е потребно државата да го промени методот на пресметка на цените во кој влегува и ставка за производство, иако во земјава подолг период не се произведуваат нафтени енергенси.

„…Ние во моментов, од 2012 година немаме производител на нафтени деривати во државата и зошто таа методологија не се менува, мене навистина не ми е јасно”, рече Јосифовски.

Речиси идентичен став за менување на методологијата за пресметка на цената на дериватите имаат и од нафтената компанија ОКТА. И од компанијата со грчки капитал сметаат дека начинот на пресметка е застарен и треба да се менува.

Треба да знаете
Последни објави