Search

Ѝ извадиле 106 капсули кокаин од стомакот

Успешно се извадени 106 капсули кокаин од стомакот на жена која се обидела да ги шверцува во Индија, соопшти индиската полиција.

Дваесет и петгодишната жена со странско државјанство била уапсена на 14 мај на меѓународниот аеродром во главниот град на Индија, Њу Делхи.

Според информациите, таа поминала една недела во болница каде што ѝ била дадена терапија за да закрепне од кокаинот. Се проценува дека дрогата има вредност од над 730 000 долари.

Полицијата претпоставува дека жената ги голтнала капсулите во Сао Паоло, Бразил, и ѝ било кажано да ги пренесе во Делхи на лица со нигериска националност. Полицијата сега трага по тие лица на кои жената требала да им ја испорача дрогата.

Треба да знаете
Последни објави