Search

Левица поднесе кривична против Заев

Левица поднесе кривична против Заев

Левица поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за сторено дело од кривичниот законик кој се однесува на загрозување на независноста.

Апасиев додаде дека предметот ќе се проширувал и против шефот на диполматијата, Никола Димитров за здружување и организирање, бидејќи и тој рекол дека се залага за решението.

„Сметаме дека со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија“ за севкупна (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од пет години затвор, па затоа претставници на нашиот правен тим ќе поднесат соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање“, велат од Левица.

Треба да знаете
Последни објави