Повредени тројца работници додека работеле на објект

Повредени тројца работници додека работеле на објект

Вработен во ЕВН пријавил дека на улицата „8 Септември“ додека работеле на покрив од објект во изградба на инвеститор од Демир Хисар, тројца работници во фирмата изведувач добиле повреди при допир на табла од пластифициран лим со 10-киловолтен воздушен далновод.

Повредени биле З.П. (43), Д.Н. (23) и Џ.У. (59). Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола, каде што им била укажана лекарска помош. По укажаната помош, З.П. и Д.Н. биле задржани на понатамошно лекување, а Џ.У. бил пуштен на домашно лекување. Увидот на местото извршила екипа од СВР Битола, јавен обвинител и трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави