Заев и Анѓушев на средби со бизнис секторот во Охрид и Битола

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, ќе престојува во работна посета во Охрид и Битола.

Во Охрид, премиерот Заев ќе се обрати на Форумот на преносни систем оператори на електрична енергија на Југоисточна Европа чиј домаќин е акционерското друштво во државна сопственост МЕПСО.

На овој Форум, на кој ќе присуствуваат и претставници на ЕНТСО-Е, односно, Европската мрежа на оператори на преносните системи и кој има за цел креирање на единствен пазар на електрична енергија и негово вклучување во пан-европскиот пазар на електрична енергија, ќе учествува и вицепремиерот Анѓушев.

Премиерот и вицепремиерот потоа ќе ја посетат Битола каде ќе учествуваат на работен состанок со претставниците на бизнис-секторот од битолскиот регион на кој ќе ги презентираат мерките за поддршка на мали и средни претпријатија од третиот столб, како и новата мерка за поддршка на пораст на платите до 18.000 денари во трудинтензивни дејност.

Треба да знаете
Последни објави