Search

Зошто разводот беше најдобрата работа која ја направив?

Зошто разводот беше најдобрата работа која ја направив?

Растена сум во средина во која ме учеле дека бракот е свето нешто, дека треба да се жртвуваш за сопругот, децата и семејството на сопругот. Растена сум во време кога ретко кој се осудуваше да се разведе бидејќи луѓето наоколу ќе озборуваат.

Се омажив на 23. Родив син на 24. Ќерка на 26 години. Уште еден син на неполни 28… Се омажив за човекот кого бескрајно го сакав. Околу одледувањето на децата несебично ми помагаа свекрвата, мајка ми и золвата. Што по ѓаволите би можело да тргне лошо…

Го знаете ли она чувство кога мислите дека човекот покрај вас го познавате целосно и знаете што можете да очекувате? И она чувство кога тој ќе ве разочара и мислите дека сте се прелажале со впечатокот иако спиете покрај тој човек со години? Не сте се прележале, туку мора да прифатите дека луѓето се менуваат! Постојано!

Мојот сопруг беше маж каков што секоја жена би посакала да има. Татко каков што секое дете би посакало. Но, сето тоа се промени кога моите деца тргнаа на училиште. Се поретко беше дома. Постојано беше излезен со другарите и колегите. Дознав дека има други жени во неговиот живот. Не една, пази, туку повеќе. Секоја вечер доаѓаше дома пијан и бараше причина за гласна расправија. За право, признавам дека никогаш не крена рака на мене.

Но, јас не бев навикната да живеам во пекол. Си ги спакував најосновните работи во два куфери, ги зедов децата и отидов во станот на моите родители. Без многу размислување уште следното утро поднесов барање за развод. Иако очекував дека тоа ќе биде долг и болен процес, погрешив. Се разведовме спогодбено, без мачни судски рочишта. Години подоцна, сфатив дека тој го посакувал разводот многу повеќе од мене. Дека децата му биле товар и трошок. Моите деца понекогаш се будеа ноќе од страв. Бев самохрана мајка со плата која беше далеку од просечната. Почнав да шијам и да поправам облека. Запишав курс за доусовршување на странски јазик и навечер откако моите сонца ќе легнеа, преведував до зорите. Тој ги гледаше децата неколку пати во годината, најчесто за празници и родендени. Никогаш веќе не им купи подарок.

Иако поминаа петнаесет години од денот кога се разведов, тие ништо не смениле. И пак да се вратам во тоа време, пак ќе го направам истото. Пак ќе се разведам. Ни на крај памет немаше да ми падне да останам во заедница во која сексот беше замислена именка, комуникацијата сведена на нула, а нежноста ја немаше. Ни на крај памет не ми падна да ги оставам моите деца да се прашуваат зошто тато е секој ден лут… Некои можеби ќе речат дека избегав од проблемот. Речете така, подобро да сум избегала, отколку да изгорев со неговите пороци, алкохол и коцкарски долгови. Оти нема пожална глетка на светот од дете кое плаче секоја ноќ пред да заспие оти неговите мама и тато пак се караат.

Треба да знаете
Последни објави