Search

Скопјанка додека купувала сендвич и ја украле Тојотата

Скопјанка додека купувала сендвич и ја украле Тојотата

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, М.С. (48) од Скопје синоќа во 22.20 часот пријавила дека истиот ден околу 21.20 часот на ул. „Дебарца“ непознат сторител го одзел нејзиното патничко возило „Тојота Јарис“ со скопски регистарски ознаки.

Додека таа купувала сендвич во сендвичара, а возилото било паркирано во непосредна близина, сторителот влегол во возилото, го стартувал на непознат начин и заминал, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 240.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави