Search

Премиерот сам ги избира советниците, рече Манчевски

Министерот за информатичко општетство и администрација, Дамјан Манчевски, изјави дека премиерот лично ги избира своите советници.

„Во овој случај не се работи за администрација туку за советници на премиерот“, рече министерот одговарајќи на новинарско прашање во врска со новиот список за ангажирање на 56 советници во Владата.

Манчевски додаде дека бројот на советниците е значително помал за разлика од порано, а дел од нив се ангажирани без никаков финансиски надоместок.

Во врска со надоместокот околу ангажманот на Џезерир Шаќири како надворешен советник за безбедност, Манчевски вели дека тоа е договорено помеѓу Шаќири и Кабинетот на премиерот, и тука нема ништо што е чудно, ниту, пак, се работи за нова пракса.

Треба да знаете
Последни објави