Search

Среде бел ден влегол во двор, запалил автомобилот и заминал – тешка кражба во Влае

Среде бел ден влегол во двор, запалил автомобилот и заминал – тешка кражба во Влае

Украден автомобил во скопско Влае, полицијата трага по крадецот.  Како што информираат од полицијата, вчера  околу 20 часот во Полициската станица Карпош, С.Д. (52) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 14,15 до 17,30 часот во дворот од куќата на улицата „Франце Прешерн“ од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Југо Флорида“ со скопски регистарски таблици.

Сторителот влегол во возилото, кое било незаклучено и со клуч на баравата, го стартувал и заминал од местото на настанот. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 60.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави