Search

Зошто не губите килограми иако редовно вежбате?

Ако сте и вие меѓу оние кои секојдневно се прашуваат зошто не можат да загубат килограми иако редовно вежбаат, постојат четири можни причини за тоа.

 

Редовно внимавате на начинот на исхрана и посетувате теретана, но никако не успевате да го загубите вишокот на килограми? Во продолжение прочитајте ги некои од причините поради кои не губите килограми:

Преобилен оброк после вежбање

Можеби не сте свесни за тоа, но оние 35 минути трчање на подвижна лента паѓаат во вода ако после теретана се почастите со чашка вино, колач или преобилна вечера. Експертите предупредуваат дека тоа е една од најчестите грешки која ја прават луѓето кои не можат да загубат килограми иако вежбаат.

Неактивен начин на живот

Ако после напорно вежбање одите дома, легнувате да гледате телевизија и јадете грицки, вашиот труд тогаш навистина е залуден. Експертите советуваат дека полесната активност во текот на денот е многу важна. Тука најмногу се мисли на кратки  прошетки или средување на станот. Телесната активност е најважна за да останете во форма.

Метаболизам

Иако често слушаме како многумина го обвинуваат бавниот метаболизам за тоа што не губат килограми, сепак на вкупниот метаболизам, односно на потрошената и внесената енергија ние самите можеме да влијаеме. Тоа значи дека со здрава и балансирана исхрана, како и со зголемена активност многу лесно можеме да го контролираме метаболизмот, па така и нашата телесна тежина.

Не слабеете туку добивате мускулна маса

Можеби наместо губење килограми, вие всушност добивате мускулна маса. Ако ви е примарна цел губење на масно ткиво, тогаш во својата рутина треба да вметнете вежби со тегови и тоа секако да го правите во интервали.

Треба да знаете
Последни објави