Search

Уставниот суд ќе расправа за повреда на слободата на мислата за членови на „Левица“

Уставниот суд ќе одржи јавна расправа по иницијатива која ја поднесе политичката партија „Левица“. Иницијативата се однесува на повреда на слободата на мислата и јавното изразување, како и повреда на забраната на дискриминација по основа на политичка припадност.

Со образложение дека го попречуваат јавниот ред и мир, и дека носат транспарент кој повикува на омраза, четворица членови на „Левица“ лани беа спречени во обидот да направат мирен протест.

Од „Левица“ тврдеа дека нивни членови половина час биле држени со лисици на рацете, откако претходно не им било дозволено да дојдат до местото каде се презентирала воената опрема. Настанот беше дел од големата воена вежба на американските и македонските војници на Криволак.

Треба да знаете
Последни објави