АВМУ: Националните телевизии не известија за протестот против промена на името

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги констатира дека на 26 април поголем дел од националните телевизии не известиле воопшто за протестот против промена на името – „Република Македонија ерга омнес“.

Од Агенцијата известуваат дека медиумите самостојно и независно ја креираат уредувачката политика, но имајќи ја предвид нивната специфична улога, истовремено се должни да ја информираат јавноста за важни општествени прашања.

„На овој начин се поттикнува поширока дебата, што е еден од основните темели на демократските општества“, пишува во краткото соопштние од Агенцијата за медиуми.

Треба да знаете
Последни објави