Search

Одбраната во случајот „Транспортер“ побара изземање на судиите

Адвокатите за случајот „Транспортер“ побараа изземање на судечкиот совет, како и на претседателите на кривичниот и на Апелацискиот суд.

Судот извести дека адвокатот Димитар Дангов 15 минути пред да почне рочиштето писмено поднел барање за изземање. Ова е четврти судски процес по обвинение на СЈО каде адвокатите на одбраната бараат изземање на судечкиот совет. Ова претходно беше побарано и на судиите за предметите „Тенк“, „ТНТ“,„Титаник“.

Во случајот „Транспортер” првообвинет е поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески на кој заедно со уште 20 лица им се суди за злоупотреба со ученички превоз.

Треба да знаете
Последни објави