Search

Се огласи и Путин: Светот стана хаотично место, се надевам дека разумот ќе победи

Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека ќе превладее разумот во модерниот свет кој што според него, станува се похаотичен.

„Моменталната меѓународна ситуација е многу загрижувачка“, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

Ситуацијата во светот не предизвикува ништо освен загриженост, а ситуацијата станува се похаотична, изјави Путин за време на церемонијата за поздравувањето на новите амбасадори на Руската Федерација.

„И покрај тоа, и натаму се надеваме дека здравиот разум конечно ќе преовлада и меѓународните односи ќе тргнат во конструктивен тек, а целиот систем ќе стане постабилен и попредвидлив“, изјави Владимир Путин.

Москва ќе продолжи да се залага за зајакнување на „глобалната и регионалната“ безбедност и целосно ќе се придржува до своите „меѓународни обврски и ќе развива соработка со нашите партнери на конструктивна и респектабилна основа“.

„Ние ќе продолжиме да градиме позитивна агенда за светот која што ќе биде ориентирана на иднината и ќе работиме на стабилен развој, просперитет и напредок на човештвото“, изјави Владимир Путин.

Многумина се изненадени од смирената реторика на Владимир Путин, иако руски високи функционери и амбасадори порачаа дека Русија ќе ја собори секоја американска ракета, но и местата од каде што се лансира, доколку САД ја нападне Сирија. После таквите пораки од Москва, се огласи Доналд Трамп со загрижувачка порака.

„Русија вети дека ќе го собори секој проектил лансиран кон Сирија. Русијо, подготви се, затоа што ракетите ќе пристигнуваат, ќе бидат нови, убави и паметни. Вие не треба да бидете партнери со животно кое што го убива својот народ со гас и ужива во тоа“, порача Доналд Трамп на својот официјален профил на Твитер.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави