Search

Османи во Брисел ќе го презентира напредокот на планот 3-6-9

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска во Брисел ќе оствари средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини.

Како што соопштија од кабинетот на Османи, тој во рамките на посетата ќе го презентира напредокот во имплементацијата на планот 3-6-9, како и напредокот во отстранувањето на преостанатите политички пречки на евроинтегративниот пат на Република Македонија.

Средбата Османи-Могерини се одржува во пресрет на извештајот на Европската комисија за состојбите и напредокот на Република Македонија, кој излегува за неполна седмица на 17 април. Во рамките на посетата Османи ќе оствари средби и со други високи претставници на телата на Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави