Search

Груевски, Јанкулоска, Протoѓер и Јанакиески на ново судско рочиште за изборните нерегуларности

Судското рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство ќе продолжи денес. 21 лице се товарат за изборни нерегуларности и финансирање на изборната кампања. Дел од доказите се прибавени врз основа на аферата „Списоци“, откриена и објавена од новинари.

Обвинети во случајот се и поранешните функционери Гордана Јанкулоска, Никола Груевски, Мартин Протoѓер, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески. Тие се гонат за кривични дела, злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања.

Претходното рочиште беше одложено по барање на адвокатите, кои кажаа дека сакаат да направат увид во списите на предметот. Овој предлог не го поддржа СЈО, кои сметаа дека целта е одолговлекување на постапката. Но сепак, судијата Осман Шабани го одобри предлогот, со што на одбраната и беше овозможено да изврши увид во доказните материјали.

Треба да знаете
Последни објави