Целодневна хуманитарна забава за роденденот на Општина Аеродром!

Целодневна хуманитарна забава за роденденот на Општина Аеродром! Се гледаме во сабота (14 април) во паркот „Авион“!

Роденденот на Општина Аеродром оваа година ќе биде отворен настан што ќе го прославиме во сабота во паркот со авион како целодневна забава за граѓаните од сите возрасти. Роденденската забава има хуманитарен карактер. Во соработка со Црвениот Крст се собираат средства за социјално загрозени семејства на територија на Општина Аеродром. Промовираме социјално претприемаштво, ќе доделуваме и награди за талентирани млади.

Програмата ќе ја води Нора Шаќири. „Дојдете да поделиме заедно радост, но и малку тага. Дојдете да помогнеме, но и да ги охрабриме младинците од Аеродром“, рече Нора.

Треба да знаете
Последни објави