Search

Анѓушев и Сугарески во посета на Србија

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска ќе престојуваат во службена посета во Белград, Република Србија, каде што ќе остварат средби со претставници на владата на Република Србија и на Стопанската комора на Србија.

Во зградата на владата планирана е заедничка изјава за медиумите на вицепремиерот Кочо Анѓушев, потпретседателката на владата на Република Србија и министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај, Зорана Михајловиќ, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Подоцна Анѓушев и Сугарески ќе остварат средба со претседателот на Стопанската комора, Марко Чадеж, а потоа пред претставници на компании, членки на Комората, ќе бидат презентирани можностите за инвестирање и мерките за поддршка на стопанството од планот за економски раст на Владата на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави