Search

Адвокатите на Груевски бараат да не им судат судиите во “Титаник”

Адвокатот Еленко Миланов, исто како и во случаите “Тенк” и “ТНТ”, побара да бидат изземени судиите кои ги судат обвинетите во овој предмет.

Причината е иста: интервјуто на Катица Јанева, во кое, како што тврди тој, специјалната обвинителка навела дека има телефонски разговори помеѓу судии кои би можеле да бидат оштетени во постапката.

Станува збор за судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев, како и за судиите Иван Џолев и Пајазит Пајазити. Бараат изземање и на судии од апелациониот суд. Претседателот на советот Шабани го убедуваше адвокатот Еленко Миланов дека претседателот на судот и судијата Пајазити не се судии во овој предмет.

Претходно, адвокатите на Груевски се пожалија дека камерата не ги фаќа сите обвинети во судницата.

Треба да знаете
Последни објави