Search

Овошните сокови со шеќер во големи количини се штетни за срцето

Овошните сокови со шеќер во големи количини се штетни за срцето

Овошните сокови кои содржат додаден шеќер во големи количини се опасни за срцето и значително го зголемуваат ризикот од други заболувања, тврди една американска студија.

Научниците кои следеле 18 илјади испитаници во текот на шест години, резултатите од своето истражување го претставија на конференцијата на Американското кардиолошко здружение.

Тие констатирале дека кај оние, кои пијат повеќе од 6,8 децилитри напитоци со шеќер, ризикот од смрт од срцеви или други заболувања е два пати поголем од оние кои дневно во просек конзумираат помалку од 3,4 децилитри.

Раководителот на истражувањето Џин Велч тврди дека резултатите само ја потврдиле важноста за контрола на внесувањето на шеќери во организмот.

– Сметаме дека истражувањето во значајна мера го поткрепува сознанието за важноста да се намали уделот на слатки напитки во нашата конзумација, нагласи Велч.

Тие наведуваат дека ваквите напитоци носат голем „прилив на шеќер“, кој телото потоа мора да го апсорбира.

Треба да знаете
Последни објави