Search

Го пријавила сопругот дека дома чувал бомба

Го пријавила сопругот дека дома чувал бомба

Жена од кавадаречкото село Росоман го пријавила својот сопруг во полиција оти дома чувал рачна бомба пет години, информираше МВР.

Во ПС Кавадарци вчера се јавила Р.М.(65) која рекла дека во семејната куќа во селото Росоман нејзиниот сопруг З.М.(51) околу пет години чувал бомба.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и во една од собите во куќата била пронајдена експлозивната направа.

Бомбата била одземена и предадена за понатамошна постапка на службите од Дирекцијата за заштита и спасување.

Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави