Search

Рускиот амбасадор ги пречека поддржувачите на протераниот руски дипломат

Рускиот амбасадор ги пречека поддржувачите на протераниот руски дипломат

Собирот на Единствена Македонија за поддршка на протераниот руски дипломат и рускиот народ има попладнево во Скопје.

Настанот е пред Амбасадата на Руската Федерација, каде присуствува и рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак.

Амбасадорот рече дека се врши антируска кампања во Македонија, и вели дека избрзано е донесена одлука за протерување. Тој додаде дека со големо жалење морале да преземат противмерки.
„Многу добро разбираме дека овој чин не го одразува мислењето на народот. Русија беше и останува пријател на народот на Република Македонија “ – рече амбасадорот.

Граѓаните извикуваа „Русија“ , „Путин“ и „Ние сме окупирани“.

Треба да знаете
Последни објави