Search

Путин и Ероган очи в очи: Кој прв ќе попушти?

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, планираат на средбата во Анкара да разговараат за Сирија, енергетката соработка и за увоз на турските домати.

 

Разговорот е закажан за денеска, изјави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

„Покрај енергетиката, секако дека важни прашања се и секторите за трговија и земјоделие“, додаде Ушаков.

Русија минатата година ги укина ограничувањата за увоз на турски земјоделски производи, но рестрикциите за увоз на турските домати делумно продолжија да важат, така што моментално само 12 турски добавувачи имаат дозвола да ја снабдуваат Русија со овој зеленчук.

Путин и Ердоган, како што додаде Ушаков, ќе разговараат и за други прашања од областа на билатералната соработка, како и за регионални и меѓународни прашања, вклучувајќи ја Сирија.

По состанокот, се очекува да бидат потпишани повеќе билатерални документи, од кои пет веќе се договорени.

Треба да знаете
Последни објави