Форумот на жени на СДСМ Бутел организира традиционалниот велигденски хуманитарен базар за помош на Горазд и Мето

Форумот на жени на СДСМ Бутел организира традиционалниот велигденски хуманитарен базар за помош на Горазд и Мето

Во четврток 5.04.2018 во просториите на Општинската организација на СДСМ – Бутел, Форумот на жени го организира традиционалниот велигденски хуманитарен базар.

Ќе продаваме храна, велигденски украси, велигденски јајца, украси за домот, накит, цвеќе…
Собраните средства ќе ги донираме на две деца.

Горазд Исаковиќ е детенце со посебни потреби, има Даунов синдром и неопходна му е операција за да застане на нозе.

Мето Пендовски е момче кое е неподвижно поради автоимуно заболување и нему му треба операција. 
Нашата помош нема да биде ни приближно доволна за операциите на овие деца, но сигурна сум дека многу ќе им помогне. 
Дојдете да се дружиме и да помогнеме.

Поканете ги и вашите пријатели, комшии, роднини…

Колку повеќе не има, толку подобро за децата.

Треба да знаете
Последни објави