Search

Неврологија:За конзилијарни мислења исплатувани по 50.000 евра годишно

Неврологија:За конзилијарни мислења исплатувани по 50.000 евра годишно

По 50 илјади евра годишно завршувале кај членовите на комисиите од Клиниката за неврологија кои издавале конзилијарни мислење за потреба од помош и нега од трето лице, според контролата што ја извршил ревизорот. Оваа сума членовите на комисиите ја добивале три години по ред- во 2015, 2016 и 2017 година, кога со Закон им се одзело правото да издаваат  конзилијарни мислења.

Во Правилникот што го донел министерот за труд во октомври 2014 година,  едно конзилијарно мислење требало да чини 1.200 денари. Управниот одбор на Клиниката за неврологија, потоа донел одлука од овие пари само 100 денари  да остануваат на сметка на Клиниката, а останатите да бидат за членовите на комисиите и вработените во Клиниката.

Во 2016 година, за издавање на конзилијарни мислења, Клиниката добила  приходи од 55.524 евра – од нив 51. 000  евра биле исплатени на членовите на комисиите, а 4. 600 евра останале на сметка на Клиниката.

Ревизорот смета дека ваквата одлука на Управниот одбор се дефинира како несовесно управување:

„ Имајќи ја предвид општествената одговорност на членовите на Управниот одбор во системот на здравствена заштита и улогата на Клиниката која како јавна установа дава здравствена заштита преку систем на општествени мерки, активности и постапки, се поставува прашањето за оправданоста на одлуката на Управниот одбор за висината на средствата кои се издвојуваат за Клиниката.

Во услови кога Клиниката нема доволно средства за извршување на основната дејност, донесената Одлука укажува на несоодветни приоритети и несовесно управување и не обезбедува доследна примена на начелото на правичност, квалитетен и сигурен здравствен третман – констатира Ревизорот во извештајот.

Со измените на Законот за социјална заштита донесен на крајот на минатата година, на Клиниката за Неврологија и се одзеде правото да издава конзилијарни мислења за нега и помош од трето лице.Годишно членовите на комисиите издавале по околу 3000 мислења.

Конзилијарно мислење давала комисија составена од тројца доктори специјалисти или доктори на медицина, но во ревизорскиот извештај нема податоци дали  во најголем број од комисиите исти доктори одлучувале по барањата за нега.

НОВА го објави и делот на извештајот на ревизорите за Клиниката за неврологија  и за парите кои биле исплатувани од фармацевстките куќи за  клинички испитувања врз пациенти за индикации од лекови. Утврдено е и дека најголем дел од парите на фармацевстките куќи  завршиле кај истражувачките тимови, а не на сметка на Клиниката.

Повеке од текстот на Нова

Треба да знаете
Последни објави