Search

Достана Караѓозоска-Станковска,колекционер на народни носии и предмети:Носиите се афтентични-оригинални и секоја потекнува од различно време и место претежно се од крајот на 19 и почеток на 20 век

Мно­гу вре­ме, труд, по­све­те­ност и љу­бов се по­треб­ни за не­кој да се за­ни­ма­ва со ко­лек­ци­о­нер­ска деј­ност, ни изјави г-ѓа  Достана Караѓозоска Станковска која е ко­лек­ци­о­нер на на­род­ни но­сии и пред­ме­ти од изминато време кои ги користеле нашите предци. Со оваа работа која и преставува само хоби и ја работи потполно аматерски но со многу љубов, се занимава подолго од 35 години, таа неуморно и тру­до­љу­би­во ра­бо­ти на со­би­ра­ње пред­ме­ти од на­ше­то ми­на­то кои има­ат огром­но зна­че­ње за кул­ту­ра­та на еден на­род и за презентирање на нашето културно наследство. Со големо внимание во­ди сме­тка за се­кој пред­мет кој е дел од нејзината  ко­лек­ци­ја ко­ја брои по­ве­ќе стотици пред­ме­ти. Се­кое пар­че во нејзината ко­лек­ци­ја има при­каз­на и исто­ри­ја, а таа посветено и со големо внимание се труди да ја запамети и забележи секоја од нив, секој предмет го фо­то­гра­фи­ра и го евидентира во својата огромна колекција. За голем број од предметите и носиите има издадено и каталози а има и ау­ди­о­за­пи­си.

  1. Од каде произлегува потребата од созадавање, зачувување,негување и промовирање на националните вредности и занаети кои се во изумирање?

Љубовта кон народните носии и предметите кои потекнуваат од минато време ја наследив од моите родители Љубица и Томо Караѓозоски кои беа едни од главните презентери и промотори на манифестацијата ,,ГАЛИЧКА СВАДБА,, од самиот нејзин почеток, членовите на моето семејство и семејствата на моите две сестри и сега го чуваме култот кон оваа манифестација за што ги чуваме и носиите кои ни ги оставија нашите родители, а сега ги облекуваат нашите синови, керки и внуци, а се надевам дека љубовта ќе ја пренесат и они на нивните деца  Првата носија ја добив како поклон од мојата мајка во далечната 1980 година и од тогаш ми се чини дека и до ден денеска не престанува поривот во мене да пронајдам и обезбедам уште некоја носија од нашата татковина.

  1. Со колкав број на народни носии располагате и од кои региони ?

Точниот број на носии како комплети и делови од носија него знам ни самата во тек е изработка на евидентна книга во која секој дел од мојата колекција ке добие свој евидентен број, но според изложбите што досега ги имам направено располагам со над 150 македонски носии од сите краеви на Македонија и машки и женски како и детки.

  1. Колку и кави типови на народни носии постојат, односно како ги делите вие колеционерите?

Како аматер јас сакајќи да дадам правилна престава на елементите од мојата колекција се користам со податоците од монографиите на Професор д-р Ѓорѓи Здравев како и од советите на моите драги пријатели Професор Владо Јаневски и Робертино Дончев етнолог.

  1. Од кога датираат носиите кои ги имате во вашата колекција, која ви е најзначајна и најстара народна носија?

Носиите се афтентични – оргинални и секоја потекнува од различно време и место претежно се од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Сите носии ми се подеднакво значајни но ако треба да издвојам, секако дека се носиите од моите родители како и од родителите на мојот сопруг.

Најстарата носија е од с.Булачани од каде потекнуваат и потомците на мојот сопруг и датира некаде од крајот на 19 век како и носијата од мајката на мојата баба од самиот почетокот на 20 век

 

 

 

 

slika.jpg

 

  1. Кои се чинителите, кои учествувале во оформувањето на народните носии во Македонија и во создавањето на традиционалните форми на народното облекување?

На ,,Народната носија,, – името највероватно и е добиено подоцна од нејзиното постоење, затоа што, тоа била облека на луѓето кои живееле во тоа време, ние денеска разликуваме облека која ја носиме секој ден и носија која ја облекуваме на некакви семејни веселби или носии се облеките со кои настапуваат нашите културно уметнички друштва. Носијата ја изработувале нашите мајки, баби прабаби со еден збор носијата ја имаме наследено од нашите корени. Жената била визионерот на секое парче кое е дел од секоја народна носија без разлика од кој крај да потекнува. Носиите во одреден геогравски реон воглавно ја задржувале формата но содржината била секогаш инспирирана од самата личност која ја изработувала од нејзината креативност и умешност.

  1. Член сте на Здружението на уметници ракотворци Зур “ АртКрафт”, које е мисијата на здружението и областа на делувањето на истото?  

За воља на вистината член сум на повеќе здруженија дури сум и председател на здружението за зачувување на етнолошкото и етномузиколошкото наследство ,,КОРЕНИ,, но со  Здружението на уметници  ракотворци “Арти Крафт” Скопје, ја почнав промоцијата на делови од мојата колекција на народни носии. Ова здружение постои пет години и во него членуваат луѓе уметници ракотворци кои своите производи ги изработуваат инспирирани од нашето национално богатство и наследство така да моите носии и предмети се инспирација за нивните ракотворби, што значи дека се надополнуваме затоа е и ваква нашата соработка.

  1. Од какви материјали се изработени носиите, односно каков е процесот на нивната изработка?

За секое парче поодено постојат определени техники на изработка, без разлика дали се работи за носии и делови на носии од волна, коноп, лен, памук свила и сл прво се обезбедува суровината како волна, лен, памук, свила и сл. После се предел конецот па се ткаел па се добива платно од исто така различна содржина па таквото платно се крои шие везе потплетува или обликува со гајтани и слични нанив конци.Со седен збор оваа работа е макотрпна бара многу време и многу голема умешност.

  1. Што важно да се знае за народните носии, на кој начин се перат, се заштитуваат и се складираат?

Секоер парче има различен начин на одржување но секако тие техники на заштитување, чување и одржување бараат многу време и многу голема умешност.

  1. Како се одликува женската народна носија од Скопска блатија?

Женската носија од скопска блатија по својата форма спаѓа во типот на носии од горновардарскиот регион, но има посебна форма а по содржина е составена од : кошула, елек, фута, крпа за на глава, ручник за на појас, колан, чорапи, во постаро време во оваа носија влегувале ќурдијата, сајата, минтанот, ремчиња.

  1. Кои типови на украсување се препознатливи, како додатоци на народните носии?  

Народните носии имале и додати елементи или украси кои биле изработувани од метал, монистра, гајтани и слично, како што биле пафти, низалки, ушниги, и др

  1. Кои се вашите наредни планови врзани за Вашата колекција.

Неодамна во соработка со Здружението на уметници  ракотворци “Арти Крафт” Скопје а под покровителство на Министерството за економија на РМ беше отворена Првата ЕТНО ОДАЈА во Скопје во која беа изложени делови од мојата колекција поточно само носиите од Скопска Блатија и Скопска Црна гора. Оваа поствка на предлог мна Градоначалникот на Општина Бутел г-динот Велимир Смилевски ќе биде изложена и во просториите на Општина Бутел како дел од нивната пролетна манифестација ЦВЕТНИЦИ 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави