Search

Загина планинар по удар во камен

Загина планинар по удар во камен

Шеесет и пет годишен битолчанец со иницијали С.С. утрово починал кај месноста викана Неолица, еден од врвовите на Баба планина, оддалечен 10-тина километри од Битола. Според очевидци на немилиот настан, сега покојниот заедно со своите пријатели тргнал на пешачење.

Околу 10 часот утрово во СВР Битола било пријавено дека на потегот од село Лавци до планинарскиот дом Неолица, движејќи се по патот С.С., најверојатно се лизнал, паднал и удрил со главата на камен. Пријтелите веднаш му укажале помош, по што била известена и екипата за брза интервенција во планина на Дирекцијата за заштита и спасување, итната медицинска помош и полицијата.

Заради тешко пристапниот терен, екипата на Дирекцијата го извлекла телото до селото Лавци, каде лекар од итната медицинска помош констатирал смрт. Се претпоставува дека на лицето му се слошило за време на пешачењето, по што се онесвестило и се удрило во камен.

Екипа на МВР и ОЈО извршиле увид на лице место, а обвинител наредил обдукција врз телото на починатиот, која треба да ги утврди причините за смртта.

Треба да знаете
Последни објави