Search

Непознато лице пријавило дека има поставено бомба во бар во Скопје, гостите биле евакуирани

Непознато лице пријавило дека има поставено бомба во бар во Скопје, гостите биле евакуирани

Непознато лице пријавило дека во бар има бомба, при што биле евакуирани жителите во близина на објектот, информираат од МВР.

Според полицијата, синоќа после полноќ, во 00.55 часот во Полициската станица-Центар се јавило непознато машко лице и пријавило дека во бар на ул.„М.Т. Гологанов“ имало поставено бомба која ќе експлодира за половина час. Полициски службеници излегле на лице место и извршиле евакуација на присутните лица во околните објекти.

Извршени се проверки и утврдено е дека пријавата била лажна.

Треба да знаете
Последни објави