Search

Матичните лекари го одложуваат протестот за две недели

Матичните лекари го одложуваат протестот за две недели

Приватните матични лекари го одложуваат протестот на две недели за да видат каков ќе биде исходот од работните групи што треба да ги формира Министерството за здравство, односно дали ќе бидат исполнети нивните три клучни барања: лиценца за работа и пациенти на ПЗУ, како и минималнао покачување на капитацијата која засега изнесува 55 денари.

– Оваа Влада вети зголемување на бодот и очекуваме зборот да си е збор. Никој не бара бодот веднаш да биде 90 денари, но покачување мора да има, изјави денеска претседателот на Здружението на приватни матични лекари Лилија Чолакова.

Според неа, ако некој матичен лекар замине, пациентот автоматски се брише, не може да земе боледување, ниту може некој да му препише терапија. Ако пак, почине сопственикот на ординацијата, сите пациенти и вработени остануваат на улица.

Ситуацијата е алармантна, дополни Чолакова, и поради тоа што во Источна Македонија нема лекари – специјалисти.

– На земјава и требаат доктори, а не советници, потенцира претседателката на Здружението на приватни матични лекари.

Треба да знаете
Последни објави