Search

Дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ „за“ враќање во Собрание

Дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ „за“ враќање во Собрание

Дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, односно пратеничката и претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Костадин Богданов пред почетокот на Централниот и Извршниот комитет изјавија дека треба да се вратат во Собрание.

„Треба да се вратиме во Собранието“, рече Рангелова.

„Сметам дека Извршниот комитет вечерва ќе донесе вистинска одлука и за граѓаните и за Република Македонија во насока на НАТО и ЕУ, заложбите на партијата. Мој личен став е дека местото на најголемата и најсилната опозициска партија е во парламентот, таму треба да ги води стите битки, очекувам рационална одлука во вистински правец“ рече Богданов.

Пратеничката Ане Лашкоска изјави дека ќе се согласи со тоа што ќе одлуки партијата.

Партоијата вечерва ќе одлучува дали пратениците ќе се вратат во Собрание, откако пред три месеци одлучи да не учествува во работата на Собранието бидејќи 12 отсто од нејзините пратеници биле во притвор.

Треба да знаете
Последни објави