Search

Детали за трагедија во Македонија: При истовар на мермер загина едно лице, а четворица се повредени

Детали за трагедија во Македонија: При истовар на мермер загина едно лице, а четворица се повредени

Вчера околу 17 часот кај градската капела во Кочани, при истовар на мермерни плочи од  контејнер од товарно возило  во кое биле пет лица од засега непознати причини  дошло до излизгување на плочите, при што истите ги потиснале лицата кои се наоѓале во внатрешноста на контејнерот. 

На лице место починал 47-годишниот Н.Ј. од Кочани, а со тешки телесни повреди  се здобиле  три  лица Б.Н. (27) од Штип, З.А. (26) од Кочани и М.Ј.(21) од Крива Паланка кои веднаш по незгодата се пренесени во Ургентен центар – Скопје, а 59-годишниот М.З. од Кочани е пренесен во Медицински центар – Кочани. 

Увид на лице место извршиле јавен обвинител  и екипа од Полициската станица -Кочани. Со одобрение на јавен обвинител, телото на починатиот Н.Ј. е предадено на семејството.

Треба да знаете
Последни објави