Search

Пропаднат талент: Свонси го врати Санчез назад во Баерн Минхен

Португалецот Ренато Санчез ја напушти екипата на Свонси и се врати во редовите на минхенски Баерн.

20-годишниот фудбалер требаше да остане во велшкиот клуб до крајот на оваа сезона, но од таму одлучија порано да се ослободат од неговите услуги.

„Тој воопшто не сакаше да дојде во Свонси. Сметаше дека е блиску до Манчестер Јунајтед, Челси или ПСЖ, но Баерн не сакаше да го испрати таму затоа што ќе ја грееше клупата. Кога пристигна тука, тој беше во катастрофална состојба. Беше дете кое што го има целиот свет над своите рамена. На тренинзите брилираше, беше најдобар, но тој не може да го издржи притисокот од натпреварите“, изјави поранешниот тренер на Свонси, Пол Клемент.

Треба да знаете
Последни објави