Search

Уапсен ловокрадец од Албанија

Уапсен ловокрадец од Албанија

Во 17.00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Свети Наум“ кај место викано „Попо“ било затекнато лицето А.П. (56) од Поградец – Република Албанија без документи.

Со него имал една пушка марка „Benelli“ со шест ловни куршуми и тој е затекнат при вршење кривично дело – “незаконит лов“, казниво по член 228 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија во подрачје под Националниот парк „Галичица“.

Лицето било приведено и задржано за понатамошна постапка.  

 

Треба да знаете
Последни објави