Search

Македонски камионџија загина по удар во столб на автопат во Германија

Македонски камионџија загина по удар во столб на автопат во Германија

Во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Германија утрово загина 29-годишен зозач на камион од Македонија.

Несреќата се случила околу 6:50 часот на автопатот А44 во близина на Витен, а во правец кон Дортмунд, кога младиот возач од непознати причини излетал десно од патот и удрил во бетонски столб од надвозник. Тој загинал на местото на настанот, а неговото тело било заглавено во смачканата кабина, која од силата на ударот се поделила надолжно на два дела и притоа 25 тони тркала со жица и други метални делови се распрскале наоколу по коловозот.

Поради тоа што не било сигурно дека столбот не е оштетен од ударот, градежен инженер ја тестирал стабилноста на мостот, при што две од трите ленти биле затворени за сообраќај. Патот бил повторно пуштен во употреба околу 9:40 часот.

Полицијата ја процени материјалната штета на 150.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави